Линкови за пристапност

САД: Резолуција на ОН што ќе ја зајакне либанската влада и ќе му даде на Израел партнер за мирот


Џорџ Буш рече дека дипломатите работат на сеопфатно, трајно решение со две последователни резолуции што ќе овозможат запирање на насилството и враќање на суверенитетот на Либан.

Во изјавата дадена на ранчот во Тексас, каде се наоѓа на одмор, Буш кажа дека разбира оти Израел и либанската влада се противат на делови од предлогот, но дека „намерата на резолуцијата е да ја зајакне либанската влада, со што Израел ќе има партнер за мир. Целта на резолуцијата е да укаже на коренот на насилствата – `држава во држава`“, рече претседателот, во очигледна референца за дејствувањето на Хезболах.

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс која се појави заедно со претседателот, оцени дека резолуциите се разумна база за работите да тргнат напред.

Американскиот претседател рече дека главните спонзори на Хезболах - Сирија и Иран, мора да помогнат да се стави крај на борбите. Тој подвлече дека на нив многу добро им е познат ставот на меѓународната заедница за конфликтот:

- Ценам што луѓето се фокусираат на Сирија и на Иран, затоа што и треба така, поради нивната поддршка и промоција на активностите на Хезболах – се́ со цел да се создаде хаос да искористи теророт за да се запре напредокот на демократиите.

Бо Бејрут, либанскиот премиер Фуад Синиора се сретна со министрите за надворешни работи на арапските земји. На состанокот била постигната согласност да се изврши притисок врз ОН - Израел итно да ги повлече силите. За таа цел, арапските лидери ќе испратат делегација во ОН предводена од Обединетите Арапски Емирати.

XS
SM
MD
LG