Линкови за пристапност

Буш: Кубанците сами да одлучат каква влада сакаат


Џорџ Буш кажа дека нема други информации за здравствената состојба на Фидел Кастро, освен она за што се јавува и шпекулира во медиумите. Американскиот претседател коментираше дека Кубанците треба сами да решат за својата иднина:

- Наша желба е Кубанците да добијат можност да одлучат каква ќе биде нивната влада. Се надеваме - а тоа и јасно ќе го предочиме - дека Кубанците се тие кои треба да решат во ситуација кога Куба има можност за трансформација од тиранија во понаков вид на општество.

Ова беше негов одговор на новинарско прашање за правата на Кубанците во егзил во ерата по Кастро – еден ден да можат да се вратат и да си го вратат имотот одземен од комунистичкиот режим. Буш го уважи нивниот интерес, но додаде дека сега не е време да се разговара за тоа прашање.

- Кога луѓето во Куба ќе решат за видот на влада, тогаш Кубанците во САД може да покажат интерес и да го покренат прашањето за конфискуваните имоти.

Според кубански претставници, врз претседателот Кастро, кој неделава навршува 80 години, била извршена хируршка интервенција против крварење во стомакот. Тие тврдат дека Кастро се опоравува и дека веќе може да седи во кревет, како и дека лекарите предвидуваат тој да се врати на редовните должности за неколку недели. Засега нема потврда на ваквите информации од независен извор.

XS
SM
MD
LG