Линкови за пристапност

Вонредна седница на ЕУ


Во соопштението издадено веднаш по средбата на министрите за надворешни работи на Унијата, се повикува на итен прекин на непријателствата во Либан, по што би уследил одржлив прекин на огнот.

За време на прес конференција во Брисел, претставници на ЕУ тврдеа дека новото во оваа верзија на соопштението, е во изборот на зборови како начин да се покаже обединетоста на блокот во врска со блискоисточната криза.

Новинските извештаи сугерираат поинаку. Финскиот министер за надворешни работи, Ерки Туомиоја, чија земја е на чело на ротирачкото претседателство на ЕУ, се обиде да се спротивстави на импликациите дека соопштението на Унијата, Израел би го превел како зелено светло за продолжување на бомбашките напади во Либан.

Комесарот на ЕУ за надворешна политика, Бенита Фереро Валднер рече дека Унијата наменила дополнителни 50 милиони долари во хуманитарна помош за Либан.

- И нам ни е потребен пристап, и нам ни се потребни хуманитарни коридори. Потребни се можности за излез и влез во земјата.

Но, Европа не е поделена само околу повикот за примирје. Бројни европски земји наводно се двоумат околу придонесот на свои трупи во евентуалната мировна мисија во Либан. Некои, како Франција, стравуваат дека насилството на Блискиот Исток може да предизвика немири меѓу етничкото муслиманско и арапско население во нивните земји.

XS
SM
MD
LG