Линкови за пристапност

Брисел бара итно прекинување на непријателствата


Изјавата е усвоена од министрите за надворешни работи на Унијата на средбата во Брисел, откако Британија и Германија издејствуваа промена на нацртот на документот во кој се бараше итен прекин на огнот. Во соопштението не е објаснета разликата меѓу итен прекин на непријателствата и итен прекин на огнот. Претходно, финскиот министер за надворешни работи, Ерки Туомиоја рече дека израелскта одлука да ја интензивира офанзивата против Хезболах, само ќе ја зголеми поддршката за милитантната група. Финска во моментов е на чело на ротирачкото претседателство на ЕУ. За време на посетата на Либан, иранскиот шеф на дипломатијата Манучер Мотаки го критикуваше Советот за безбедност на ОН за неуспехот за ги спречи борбите. Нема детали за разговорите што тој ги имал со други државни претставници. Во понеделникот, претседателот Џорџ Буш повторно повика на траен и одржлив прекин на огнот во борбите меѓу Израел герилците на Хезболах, но остана воздржан по идејата за итно примирје. Тој подвлече и дека Иран и Сирија мора да ја прекинат поддршката за терористичките групи како Хезболах.
XS
SM
MD
LG