Линкови за пристапност

Средба Буш-Блер во Белата куќа


И британскиот премиер и американскиот претседател се најдоа на удар на меѓународна критика поради тоа што одбија да се приклучат на светскиот повик за итен прекин на огнот во Либан.

Претседателот Буш вчера подвлече дека е за траен мир во регионот и тоа што поскоро, но не и за, како што кажа - лажен, што не би ја зел предвид главната причина за конфликтот и само би донел привремен прекин на огнот, по што повторно би се јавило насилство. Тој ја повтори загриженоста за хуманитарните услови во Либан и товарот што го носи либанскиот народ поради конфликтот. Господинот Биш го повика Израел да биде внимателен при изведувањето на акциите, но не упати директна критика за израелската воена тактика.

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс најави дека е подготвена да се врати на Блискиот Исток за да помогне судирот да прекине, но не прецизираше кога точно би го сторила тоа.

Вчера, Советот за безбедност изрази шокираност и вознемиреност поради неодамнешното израелско бомбардирање на пункт на ОН во јужен Либан во кој беа убиени четворица набљудувачи на светската организација. Меѓутоа, поради противење на САД, во изјавата не беше внесена и осуда на Израел, како што бараше Кина.

Претставник на Стејт департментот во Брисел разговара со претставници на ЕУ и НАТО за евентуалното создавање на нови мировни сили за Јужен Либан. На итната меѓународна средба за Либан во Рим неделава беше постигнат начелен договор за мировни сили, но не и за тоа кои земји би учествувале во нив.

XS
SM
MD
LG