Линкови за пристапност

Кондолиза Рајс во ненајавена посета на Бејрут


Рајс му се заблагодари на либанскиот лидер за неговата, како што рече, „храброст и постојаност“ и кажа дека е многу загрижена поради она низ што во моментов минува либанскиот народ. Таа изјави дека претседателот Буш сакал Либан да биде нејзина прва станица за да ја искаже желбата на САД итно да се изнајдат услови во кои може да се стави крај на насилството. За денес, таа има планирано средба со израелскиот премиер Ехуд Олмерт, по што ќе се упати на Западниот Брег, каде ќе разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Рајс во среда ќе биде во Рим на понатамошни разговори со европски и арапски лидери и претставници на ОН за блискоисточната криза. Генералниот секретар на ОН Кофи Анан изјави дека учесниците на средбата треба да се договорат за конкретна стратегија за крај на насилството. Во Лондон, британскиот премиер Тони Блер ја окарактеризира ситуацијата во Либан како катастрофална и изрази надеж дека во наредните неколку дена ќе биде објавен план за прекин на борбите. На пат кон Блискиот исток, Рајс подвлече дека при постигнувањето на прекин на огнот треба да се има на ум основната причина за актуелниот конфликт – заканата што Хезболах ја претставува по Израел.
XS
SM
MD
LG