Линкови за пристапност

Кофи Анан: Стабилизирање на ситуацијата во Либан со распоредување побројни мировници


Генералниот секретар на ОН изјави дека евентуалните меѓународни мировни сили под закрила на ОН треба да бидат побројни и да имаат различен мандат од актуелните сили шлемови во регионот.

За време на прес-конференцијата со претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, господинот Анан изјави дека со зајакнати сили на ОН во Либан може да се стабилизира ситуацијата во јужен Либан, каде паравојската на Хезболах е во престрелка со Израел.

Тој ги повика европските и други влади да дадат продонес со трупи во мировните сили, за кои вели дека треба да бидат побројни и подобро вооружени отколку 2000-те војници во рамки на ОН кои веќе се наоѓаат во регионот.

- Ситуацијата е ургентна. Меѓународната заедницамора да реагира за да им се стави крај на борбите и убивањата, но и да се изнајде долгорочна стабилност во регионот.

Неколку европски држави изразија поддршка за такви сили на ОН, но САД и Израел останаа скептични по идејата. Вашингтон го покренува прашањето – колку трупи на ОН ќе бидат потребни за да се совлада Хезболах? Некои аналитичари сугерираат дека евентуални мировни сили ќе го спречат Израел да ја елиминира контролата на Хезболах врз јужниот дел на Либан.

XS
SM
MD
LG