Линкови за пристапност

 
Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради заострување на ситуацијата на Блискиот Исток

Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради заострување на ситуацијата на Блискиот Исток


Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан испрати група дипломати во регионот, а по телефон е во постојан контакт со светските лидери.

Претседателот Буш рече дека Израел има право да се брани, го обвини Хезболах дека предизвикал насилство, ја критикуваше Сирија за поврзаност со Хезболах и изрази загриженост за стабилноста на либанската влада како резултат на конфликтот.

Американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс го повика Израел на воздржаност, но рече дека несомнено, земјите како Сирија и Иран го охрабруваат Хезболах.

Рускиот претседател Владимир Путин побара сите страни да прекинат со воени дејствија. Претходно, Москва се приклучи на француската оценка дека израелската офанзива е прекумерна.

Мартин Индјук, поранешен американски амбасадор во Израел смета дека ситуацијата може лесно да излезе од контрола и дека само интервенција на меѓународната заедница може да спречи натамошна ескалација.

Експертот за блискоисточни прашања од Лондон, Надим Шехади вели дека опасноста е голема поради тоа што во ситуацијата директно или индиректно се вклучени и други земји во регионот.

- Сите карти се во рацете на Сирија и Иран. Насилството во меѓувреме може да излезе од контрола, а тоа не е во ничиј интерес. Либан долго време е затекнат во средината.

Израел истовремено изведува операции и во Појасот Газа, каде палестинските милитанти минатиот месец грабнаа израелски војник.

XS
SM
MD
LG