Генералот Џорџ Кејси ова го изјави по средбата со секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд кој вчера пристигна во ненајавена посета на Ирак. Рамсфлед по средбата со ирачки и американски претставници кажа дека клуч за безбедноста на Ирак е политичкиот процес. Тој смета дека планот за национално помирување што неодамна го објави ирачкиот премиер Нури Ал-Малики има потенцијал да помогне во запирање насекташкото насилство што последниве денови го зафати Багдад. Според Рамсфелд, бројот на американските и ирачките сили во Багдад како резултат на насилството се зголемил од 40 на 55 илјади.