Линкови за пристапност

Прашањето за Иран се враќа во Советот за безбедност


Францускиот министер за надворешни работи Филип Дуст-Блази изјави дека официјален Техеран не покажал оти е подготвен сериозно да разговара за пакетот-понуди на меѓународната заедница во замена за прекин на нуклеарните активности, и најави дека шесте земји сега во рамки на ОН ќе работат на резолуција што ќе бара Иран да запре со нуклеарниот процес на збогатување на ураниум. Шефот на француската дипломатија најави дека ваквата процедура би можела евентуално да доведе и до санкции. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Иран дал разочарувачки и нецелосен одговор. Главниот ирански преговарач за нуклеарни прашања во вторникот по средбата со шефот за надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана изјави дека на земјата и́ е потребно дополнително време да даде одговор. Згора на тоа, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, пак, тврди дека неговата земја нема да се откаже од намерата да произведе нуклеарно гориво. САД и повеќето сојузници веруваат дека Иран планира да создаде нуклеарно оружје. Иран инсистира дека програмата е за мирнодопски цели.

XS
SM
MD
LG