Меркел го покани Буш да го посети нејзниот дом во покраината Мекленбург-Западна Померанија, кој се наоѓа на брегот на Балтичкото море во поранешна Источна Германија. Претседателот Буш изјави дека поканата на канцеларот Меркел ја гледа како знак за великодушно гостопримство. Во петок, господинот Буш ќе отпатува за Русија каде пред самитот на Групата 8, што почнува во сабота, ќе има приватна средба со рускиот претседател Владимир Путин.