Дона Костуранова и Фисник Осеку се претставници од Македонија во Летната школа за млади при Транс-атланската иницијатива Бенџамин Френклин. За време на престојот во САД велат дека стекнале искуства и знаења што би им биле од корист кога ке се вратат дома. Костуранова и Осеку беа гости на Гласот на Америка.
Овие двајца млади Скопјани од 1-ви до 22-ри јули престојуваат за прв пат во САД и се дел од американската програмата спонзорирана од Стејт департментот за транс-атланско збижување на нациите. Престојуваат како гости на Универзитетот Вејк Форест, во Северна Каролина. Ова е Дона Костуранова, бруцош на Скопскиот универзитет:
- На семинарот има неколку работилници од кои едната беше за правање блогови на интернет и претставување на гласовите на индивидуити. Имавме предавања на кои го споредувавме американскиот Устав со неколку устави од европски и азиски земји, при што беше отворена дебата дали американскиот Устав треба да биде земен како модел за изработка на Уставит на земјите, кои се нови демократии.
Тие го посетиле и Стејт департентот каде имале предавање за актуелната политика на САД. Дона вели:
„Една од главните цели на овој семинар е размена на искуства и знаења со други земји, да се запознаат Американците со европските традиции и обичаи, а воедно и Европејците да се запознаат подобро меѓусебесе, како и да се постави основа за понатамошни транс-атлански врски.
И Фисник Осеку е задоволен од простојот во САД:
- Успеав да научам работи за САД, за нивниот начин на живот. Стакнав знаење за разните култури во светот.
Дона и Фисник се во посета на САД заедно со уште 33-ца млади од повеќе земји во светот.