Властите во Њујорк го зајакнаа обезбедувањњето во јавниот превоз по вчерашните бомбашки напади во Бомбај во кои загинаа најмалку 160 лица.
Полицијата во Њујорк ги зголеми патролите и проверката на багаж во метрото. Потегот е само предострожност, велат во полицијата и подвлекуваат дека немало конкретна закана.
Меѓународната заедница ги осуди бомбашките напади во Бомбај. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс кажа дека сторителите треба итно да бидат пронајдени и изведени на суд. САД веќе понудиле помош на Индија, соопшти портпаролот на департментот, Шон мек Кормак. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф и премиерот Шокот Азис кажа дека се работи за подмолен чин на тероризам.
Осуда за нападите и од европските лидери. Британскиот премиер Тони Блер ги нарече „сурови и срамни“. Минатата недела Еф-Би-Ај соопшти дека осуетило заговор на милитанти на Ал Каида да постават бомби во еден од тунелите што го поврзуваат Њујорк со Њу Џерси.