Линкови за пристапност

Пентагон за прв пат уважува дека Женевската конвенција за воени заробеници се однесува на сите лица кои се во армиски притвор 


Во неодамнешен меморандум од Пентагон, испратен до виши американски одбрамбени претставници по првпат се уважува дека Женевската конвенција за воени заробеници се однесува на сите лица кои се наоѓаат во армиски притвор.

Меморандумот, потпишан од заменик-секретарот за одбрана Гордон Ингланд се вели дека притворениците се опфатени од Општиот член 3 на Женевската конвенција што забранува насилство против затвореници и обезбедува законски гаранции дека ќе им биде овозможено да излезат пред суд.

Портпаролот на Белата куќа, Тони Сноу вчера негираше дека меморандумот претставува промена на политиката бидејќи Пентагон цело време хумано се однесува кон затворениците.

До објавувањето на содржината на меморандумот дојде во време кога Сенатската комисија за правосудство започна распит за нови начини на кои им се судело на притворениците осомничени за тероризам. До тоа, пак, дојде откако Врховниот суд минатиот месец донесе одлука против специјалните воени трибунали за заробениците во американскиот притвор во Гвантанамо. Судот реши дека претседателот Буш ги пречекорил овластувањата со воспоставувањето на трибуналите.

Стив Бредбер, еден од првите лица на Одделот за правда, на денешниот распит кажа дека пресудата претставува можност за Конгресот и владата на претседателот Буш да работат заедно на создавањето нови процедури за судење на лицата осомничени за тероризам.

XS
SM
MD
LG