Линкови за пристапност

САД: Овогодишниот буџетски дефицит многу помал од очекуваното


Според владини аналитичари, американскиот дефицит ќе биде за 30 проценти помал од последната проценка пред шест месеци. Добри вести – коментираше претседателот Буш.

„Нашата првична проценка за буџетскиот дефицит оваа година беше 423 милијарди долари. Таква бројка испративме и до Конгресот. Сега од Канцеларијата за управување со буџетот ни велат дека дефицитот ќе биде 296 милијарди.“

Разликата од 127 милијарди долари, според претседателот, се должи на даночните скратувања, што пак ја стимулирале економијата.

„Процветаа малите бизниси, луѓето инвестираа, приходот од даноци бележи подем и понапред сме за една година од планираното - до 2009-та да го намалиме федералниот дефицит за половина.“

Буш го повика Конгресот да ги остави политичките разлики настрана и да најде начин да го заузда трошењето за пензиските програми и лекарската заштита за стари лица. Во наредните години се очекува да се пензионира првиот бран од многумината родени по Втората светска војна, што рапидно ќе ги зголеми трошоците.

XS
SM
MD
LG