Линкови за пристапност

Амбасадорот Јордановски ги предаде акредитивните писма на претседателот Буш


Новиот македонски амбасадор во Вашингтон ги предаде акредитивните писма на американскиот претседател Џорџ Буш. “Ќе водам дипломатија човек на човек”, рече Љупчо Јордановски, образложувајќи ја својата намера за непосредна дипломатија. Тој најавува продолжување на партнерските односи со САД.

Во одговорот од Белата куќа на неговите акредитивни писма, амбасадорот Јордановски вели дека стои оти САД се благодарни за воената и политичка поддршка на Македонија во војната против тероризмот. Во Македонија гледаме стабилен партнер и постојан сојузник и продонесувач за безбедноста на Балканот, констатирала Белата куќа.

За изборите во Македонија, Јордановски е задоволен што минале во демократски и фер амбиент и ги исполниле услови на меѓународната заедница:

- Најважно е што сите партии во своите изјави го потврдија тоа, и оти достоинствено и на фер начин, они кои загубија на изборите го признаа поразот, а партиите што победија ја прифатија одговорноста за формирање нова влада и иднина на Република Македонија.

Прашан дали смета дека Македонија, независно која влада е на власт, ќе успее да добие датум за старт на преговори за членство во ЕУ на почетокот од 2007-ма, Јордановски со оценка:

- Затоа што сите велиме дека избраната влада, односно оние кои победија на изборите, го добија мандатот од граѓаните. Поддршката за евро-атланската интеграција меѓу нив е речиси над 80 или 90 отсто. Не верувам дека која и да е друга влада ќе тргне по друг пат. Новата влада ќе продолжи по патеката што ја минале другите влади и имале значителен придонес.

Дали ќе добиеме покана за почеток на преговори за членство во ЕУ на крајот од оваа или на почетокот од 2007-ма – сепак најмногу зависи од нас, смета Јордановски.

Новиот македонски амбасадор во САД планира да продолжи со работата на обединување на дијаспората:

- Еден од моите три приоритети е маку повеќе да се занимаваме со дијаспората. Немам намера да се однесувам кон дијаспората патерналистички и да алудирам на нивните татковски и патриотски корени. Сакам партнерски однос. Значи, заеднички да работиме со разбирање и договор за доброто на Македонија.“

Треба да им се објасни на македонските иселеници во САД дека независно на политичката припадност, сите во Вашингтон работиме за Македонија и за нејзината иднина, заклучи амбасадорот Јордановски.

XS
SM
MD
LG