Линкови за пристапност

Стејт департмент: Честитки за изборите, натамошна поддршка за Македонија


„САД им честитаат на македонските граѓани за успешно одржаните парламентарни избори“, се наведува во писменото соопштение на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Шон Мекормак.

САД ја поддржуваат првичната оценка на ОБСЕ дека изборите генерално ги исполниле меѓународните стандарди, се вели во писмената изјава на американската влада на нашето барање да го коментира исходот од петите по ред парламентарни избори во Македонија. „Ја поздравуваме очигледната волја на македонскиот народ да ги избере своите претставници и тоа на мирен и транспарентен начин. Подвлекуваме и дека за време на процесот се регистрирани изолирани случаи на нерегуларности“, се наведува во соопштението. Стејт департментот бара за нив да се спроведе целосна истрага, a на одговорните да им се суди согласно македонските закони.

„САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија, нивниот пријател и партнер на патот кон евро-атланските интеграции. Со нетрпение ја чекаме соработката со наредната влада во остварување на овие цели“, се вели во соопштението на американската влада по повод изборите во Македонија.

XS
SM
MD
LG