Линкови за пристапност

НАСА го лансираше спејс шатлот Дискавери


НАСА го лансираше спејс шатлот Дискавери Американската вселенска агенција претходно поради лоши временски услови на двапати го одложи полетувањето. НАСА даде зелено светло откако претходно реши дека малата пукнатина, откриена на изолационата пена на леталото, нема да ја попречи мисијата. Агенцијата се носи со овој проблем уште од 2003-та, кога поради оштетување на изолацијата, шатлот Колумбија се распарчи при враќањето во земјината атмосфера и загинаа сите седум членови на екипажот.

Дискавери беше лансиран од Кејп Канаверал во Флорида. Неговиот екипаж има задача да достави намирници до Меѓународната вселенска станица, а ќе увежбува и техники на проверка и поправка во вселената. Германскиот астронаут Томас Рајтер, кој е во составот на Дискавери, ќе остане на Станицата, со што нејзиниот персонал ќе се зголеми на три за првпат по трагедијата на Колумбија.

XS
SM
MD
LG