Линкови за пристапност

САД го прославија 230-от роденеден


„И служите на земјата во време кога сте и́ потребни. Поради вашата храброст, секој ден е ден на независност во Америка“, им порача Џорџ Буш на војниците.

Американската армија, подвлече претседателот, донела слобода на милиони луѓе во Авганистан и Ирак. По елиминацијата на водачот на Ал-Каида во Ирак Абу Мусаб Ал Заркави, војниците уапсиле преку 700 непријателски оперативци, а убиле 60, рече Буш.

Прославата на Денот на независноста во Вашингтон започна со традиционаланата парада, по што, како и секоја година, следеше концертот на Националниот симфониски оркестар што се одржува на отворено, пред зградата на Конгресот. За да традицијата биде запазена до целост, прославата заврши со големиот огномет над споменикот Вашингтон.

На манифестациите за одбележување на американскиот национален празник присуствуваа околу 500.000 лица и тоа од сите краишта на САД.

И оваа година безбедносните мерки беа на зголемено ниво, како превенција од можен терористички напад. Беа поставени камери речиси на секој чекор. На влезот на Националното шеталиште и околните паркови имаше контролни пунктови.

На 4-ти јули во 1776-та, основачите на САД ја објавија независноста од Британија. Декларацијата потпишана тој ден вчера беше на глас прочитана на церемонијата што традиционално се одржува на скалите на Националниот архив во Вашингтон како и на други локации во земјата.

XS
SM
MD
LG