Линкови за пристапност

Закон за Гвантанамо


Мината недела, Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот Буш ги пречекорил овластувањата со посебните воени трибунали за лицата осомничени за тероризам кои се наоѓаат во американскиот притвор во Гвантанамо на Куба. Членови на Сенатот вчера најавија дека ќе соработуваат со Белата куќа во подготовка на закон што ќе овозможи да им се суди на овие притвореници.

Сенатори од обете партии во неделата повикаа наскоро да започне дискусија по ова прашање.

Сопартиецот на претседателот Буш, републиканскиот сенатор Арлин Спектер кажа дека веќе се закажани распити во комисиите за правосудство и вооружени служби во наредните неколку недели.

Сенаторот Карл Левин од Демократската партија потенцираше дека одлуката на Врховниот суд покажала оти претседателот Буш ги пречекорил овластувањата и дека Конгресот е инстанцата што треба да донесе закон по ова прашање.

Минатата недела, откако Врховниот суд ја објави пресудата, претседателот Буш најави дека можеби постои начин Конгресот да го озакони неговиот план за воени комисии што би им суделе на притворениците означени како непријателски борци во војната против тероризмот. Врховниот суд во пресудата наведува дека за притворениците во Гвантанамо мора да се применуваат американските закони и Женевската конвенција за воени заробеници. На ова синоќа реагираше републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој е загрижен што ваквата правна заштита опфаќа лица кои ги нарече членови на Ал-Каида кои убиваат американски војници.

XS
SM
MD
LG