Линкови за пристапност

Американскиот Врховен суд одлучи за воените трибунали во Гвантанамо


Со пет гласа за и три против Врховниот суд реши дека специјалните воени трибунали се спротивни на американските закони и Женевската конвенција.

Судот го разгледуваше случајот на Салим Ахмед Хамдан, поранешен телохранител на Осама бин Ладен. Еден од неговите адвокати, Нил Катјал, вели:

- Како што кажа судот, трибуналите не ги задоволуваат ниту минималните критериуми на меѓународното право. Па сепак, би предупредил дека денес не загуби претседателот Буш, туку победија Америка и нејзините основачи преку почитување на најосновните права на луѓето.

Претседателот веднаш реагираше со коментар дека планира во соработка со Конгресот, да направи судовите да бидат одржливи според законот:

Немав можност целосно да ги прегледам наодите на судот. Сакам да ве уверам дека ги земаме мошне сериозно. Има можност да соработуваме со Конгресот за да одредиме дали воените судови ќе бидат начинот да им се суди на лицата, и тоа и ќе го сториме.

Па сепак, претседателот беше дециден дека пресудата нема да го доведе до тоа да ги ослободи, како што кажа, „убијците“ од Гвантанамо.

Во армиската база во Заливот Гвантанамо на Куба, САД држат околу 450 лица осомничени за поврзаност со Ал-Каида и Талебан, и повеќето се таму веќе преку 4 години. Досега само 10 притвореници излегоа пред воените трибунали, со што Гвантанамо е постојана мета на меѓународна критика.

Катрин Њуел Бирман од Хјуман Рајтс Воч вели:

Конечно тамошните притвореници кои се обвинети за сериозни злосторства ќе добијат шанса да бидат изведени пред суд на начин прифатлиз за светот.

На ова реагираше портпаролот на Белата куќа Тони Сноу, кој рече дека разрешувањето на случаите од Гванатанамо отескогаш било цел на американската влада, но дека тоа не е така брз процес.

XS
SM
MD
LG