Линкови за пристапност

Иранската нуклеарна програма на дневен ред на подготвителната средба на Г-8


На средбата во Москва, шефовите на дипломатиите на Г-8 исто така ги повикаа Израел и Палестинците да ги преземат сите неопходни мерки за да го запрат насилството во Појасот Газа. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ги повика палестинските милитанти да прекинат со нападите врз израелски цели, а Израел да покаже воздржаност во тековните армиски операции.

Дипломатите донесоа заедничка оценка дека се разочарани од тоа што Техеран официјално не одговорил на предлогот на западните земји за разговори за иранските нуклеарни амбиции. Г-8 очекува одговор од иранска страна на состанокот закажан за 5-ти јули меѓу шефот за надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана и иранскиот главен преговарач за нуклеарни прашања Али Ларијани. Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки кусо време по изјавата на Г-8 соопшти дека Техеран нема да упати официјален одговор до август.

Средба на министрите на Г-8 е подготовка на теренот за Самитот на лидерите на Групата во рускиот град Санкт Петерсбург на 15-ти јули. Руските лидери најавија дека сакаат дискусијата на овој дводневен самит да биде фокусирана на енергијата и енергетската безбедност.

XS
SM
MD
LG