Американскиот претседател ова го изјави по средбата со јапонскиот премиер Јунихиро Коизуми кој се наоѓа во официјална посета на САД. Буш кажа дека со Коизуми се согласни за важноста да останат обединети во испраќањето на јасна порака до севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ил.
Според разузнавачките извештаи, можно е Северна Кореја да се подготвува да тестира проектил од долг дострел. Претседателот Буш вчера кажа дека Северна Кореја нема дадено никаква информација за програмата за проектилот или пак за намерата за неговот тестирање. Јапонскиот премиер, пак, предупреди на „различни притисоци“ доколку Северна Кореја го изврши тестирањето.
Буш и Коизуми разговарале и за шестраните разговори посветени на нуклеарната програма на Северна Кореја.
Американскиот претседател изрази и длабока загриженост за хуманитарните услови во Северна Кореја.