Линкови за пристапност

Дали весникот Њујорк Тајмс објавува информации кои се битни во војната против тероризмот?


Хенри Полсон, кого претседателот Буш го номинираше на функцијата секретар за финансии, неодамна пред Сенатот вети дека ќе ја разгледа претходно тајната програма за потрага по терористи преку меѓународна банкарска мрежа.

Весникот Њујорк тајмс објави извештај за програмата минатата недела што резултираше со критики од претседателот Буш и други владини претставници.

Г-динот Полсон пред Сенатската комисија за финансии истакна дека доколку биде потврден на функцијата, ќе обезбеди дека програмата за лоцирање на осомничени терористи преку меѓународна банкарска мрежа, ќе ја балансира безбедноста и приватноста на граѓаните.

По Њујорк тајмс и други весници објавија свои извештаи за програмата, што предизвика остра реакција кај неколку припадници на актуелната администрација, вклучувајќи го и самиот претседател.

Конгресот беше брифиран за програмата и она што го правевме беше во целост одобрено и во согласност со законот, обелоденувањето на програмта е срамно. Во војна сме со бројни луѓе кои сакаат да им наштетат на САД. Во голема мерка на САД им е наштетено со тоа што некој кажал за постоењето на програмата и што весниците го објавија тоа.

Според програмата, администрацијата на Буш можеше да бара вмешаност во терористички активности на лица, преку пристап до податоците на меѓународна банкарска мрежа со чија помош дневно се контролираат милиони пораки од илјадници финансиски институции во светот.

Извршниот уредник на Њујорк тајмс, Бил Келер издаде соопштение во кое вели дека одлуката да се објави информацијата за тајната програма, било тешко да се донесе, но, како што кажа, било во интерес на јавноста да се стори тоа.

Од друга страна, некои републиканци повикуваат Одделот за правда да спроведе истрага за да се одреди дали со објавувањето на извештајот за владината програма, весникот ги прекршил законите за шпионажа.

Претседателот Буш истакна дека некои членови на Конгресот биле информирани за програмата. Досега, опозиционите демократи многу малку имаат кажано за прашањето.

Сенаторот Макс Бакус, демократ од сојузната држава Монтана се пожали дека администрацијата не ја брифирала сенатската Комисија за финансии за таа програма.

Демократот Ед Марки, конгресмен од Масачусетс вели дека со тоа што администрацијата критиката ја фокусира на Њујорк тајмс, усвојува стратегија на елиминирање на оној кој е само пренесувач на пораката.

Весникот беше критикуван од актуелната администрација и минатата година за извештај за домашните напори за шпионажа од страна на Националаната агенција за безбедност за мониторинг на меѓународните телефонски разговори без да поседува судски налози.

Токму за овој извештај, Њујорк тајмс беше добитник на Пулицеровата награда, една од најпрестижните награди во американското новинарство.

XS
SM
MD
LG