Линкови за пристапност

Кондолиза Рајс ја повтори американската поддршка за Авганистан


Зборувајќи со репортерите по средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, државниот секретар Кондолиза Рајс, Карзаи го нарече еден од најпочитуваните лидери во светот.

Таа ги отфрли извештаите за пораст на насилството, зголемена трговија со дрога и корупција која ја поткопува меѓународната поддршка за претседателот Карзаи и неговата влада.

„Претседателот Карзаи е почитуван човек. Тој е признаен за неговата храброст, лидерство. Му се признава дека успеа да ја пренесе земјата од граѓанска војна во демократски избрана влада.“

Г-ца Рајс изјави дека обновата на насилството од страна на бунтовниците ги загрижува САД, но оти насилството нема да ги минимизира демократските чекори кои Авганистан ги направи изминативе години.

За време на заедничката прес-конференција, Карзаи призна дека Авганистан има проблеми со трговојата со дрога, слабите институции и борците лојални на поранешниот талебански режим. Тој додаде дека е свесен за овие проблеми, но достигнувањата на неговата влада и меѓународната заедница по падот на талебанскиот режим пред пет години, ги опиша како извонредни.

Во вторникот, Рајс беше во Пакистан, каде со претседателот Первез Мушарав и други официјални лица дускутираше за начините за интензивирање на анти-терористичката кампања на границата меѓу Пакистан и Авганистан.

Околу 80.000 пакистански трупи се разместени на нивната страна од порозната граница, со цел да спречат инфилтрирање на Талебанци од авганистанска страна.

Пакистанскиот министер за надворешни работи ги отфрли обвинувањата од Авганистанците дека талебанските борци влегуваат во земјата од пакистанска територија.

XS
SM
MD
LG