Линкови за пристапност

Јордановски:  Односите со САД одлични, но може да бидат уште подобри


САД отекогаш ја поддржувале Република Македонија, но Вашингтон во последните неколку години интензивно дејствува како стратешки партнер и пријател, оцени амбасадорот Јордановски во изјавата за Гласот на Америка на македонски.

Самиот факт дека недела дена по моето пристигнување веќе ги предадов копиите од моите акредитиви на госпоѓата Кондолиза Рајс, кажува дека нашите односи се навистина пријателски и на високо ниво, вели првиот човек на Македонија во Вашингтон.

Јордановски вели дека со Рајс констатирале дека „иако односите се одлични, можат да бидат уште подобри“. На средбата во Стејт департментот станало збор и за претстојните избори во Македонија:

Познавајќи ја ситуацијата во Република Македонија, јас сум убеден - и таа констатација и убеденост ја искажав - дека тие навистина ќе бидат фер и демократски, без разлика на она што сега се случува и што го следиме во кампањата, бидејќи залогот е сепак многу голем. Граѓаните се свесни за иднината на Македонија доколку изборите не бидат такви како што треба да бидат.

Амбасадорот Јордановски вели дека избори според нормите се потреба и од корист не само за Македонија, туку со тоа истовремено и САД би добиле дополнителен аргумент во полза на македонскиот влез во НАТО.

XS
SM
MD
LG