Линкови за пристапност

Буш – повлекувањето од Ирак зависи од ситуацијата на теренот


Претседателот Буш минатата недела на оваа тема разговарал со главниот американски генерал во Ирак, Џорџ Кејси. Одлуката за бројот на силите во Ирак зависи од тоа како таму ќе развива ситуацијата:

Во однос на нашето армиско присуството во Ирак, таквата одлуката ќе ја донесе генералот Кејси, како и суверената влада на Ирак, врз основа на условите на теренот, изјави вчера Џорџ Буш.

Претседателот даде ваков коментар откако весникот Њујорк Тајмс во неделата објави дека Пентагон планира да ги намали американските борбени бригади во Ирак од 14 на 5 или 6 до крајот на 2007-ма. Белата куќа вчера потврди дека планот се разгледува во моментот, но дека тој е само една од неколкуте можности.

Демократите во Конгресот тврдат дека планот е сличен на оној што веќе го предложија за повлекување од Ирак. Републиканците, пак, ги обвинуваат демократите дека заговараат стратегија во стилот - „остави се́ и побегни“. Сенатот, кој е под републиканска контрола, минатата недела отфрли два демократски предлога за повлекување на американските војници.

XS
SM
MD
LG