Линкови за пристапност

Справување со инцидентите во изборната кампања – тест за Македонија


Советникот во Хелсиншката комисија на САД Роберт Хенд смета дека бројните инциденти за време на кампањата на политичките партии во Македонија ќе бидат тест за способноста да се одржат фер и демократски избори, но сепак не се сомнева во демократскиот амбиент на земјата.

- Надминувањето на проблемите со кои сега се соочува Македонија паралелно со растењето на тензиите за време на кампањите на политичките партии ќе биде главен тест, но секако тоа не е причина Македонија да не спроведе добри избори на 5-ти јули“, оцени Роберт Хенд, советник во Хелсиншката комисија на САД.

Тој потсетува дека Македонија во минатото, во споредба со останатите земји во регионот имала релативно мирни кампањи, но на денот на изборите имало инциденти и нерегуларности.

Македонија доби силна порака од меѓународната заедница дека изборите на 5-ти јули мора да бидат фер и демократски. Советникот во Хелсиншката комисија на САД, објаснува дека морковот во оваа порака се придобивките кои следуваат од забрзаното интегрирање на земјата во евро-атланските инситуции. Што е стапот во оваа ситуација:

- „Стапот ќе биде резултатот ако изборите не бидат слободни и фер, и не ги исполнат меѓународните стандарди согласно барањата на ОБСЕ. Тоа ќе покаже дека земјата се уште има проблеми со демократските развој, а тоа ќе го забави нејзиниот процес на интегрирање во ЕУ.„

Во врска со очекувањата на Македонија од Самитот на НАТО во Рига, Хенд вели:

- „Во најмала рака, овде во Вашингтон има големи симпатии за Македонија која е добар пријател на САД и меѓусебните врски се на одлично ниво изминативе години. Македонија има подршка од Вашингтон, но македонските власти треба сериозно да им пријдат на домашните реформи и исполнувањето на критериумите кои се бараат од секоја идна членка„.

Пораката на Роберт Хенд е - Не очекувајте нешто од Рига, туку направете очекувањата што поскоро да станете дел од НАТО, да станат реални.

XS
SM
MD
LG