Линкови за пристапност

Прва седница на Советот за човекови права на ОН


Зборувајќи денеска во Женева на првата седница на Советот, господинот Анан ги повика делегатите од 47-те земји членки да не се вовлечат во ситуација на собирање политички поени за дискредитираниот претходник, Комисијата за човекови права.

Некогашната Комисија составена од 53 членки беше мошне критикувана од меѓународните групи за човекови права, кои се жалеа дека земјите членки со ниско ниво на почитување на овие права честопати ги здружуваа силите за да блокираат ефикасна акција.

Анан истакна дека новиот Совет претставува одлична нова шанса за ОН и за човештвото. Тој притоа ги повика земјите членки да не ја злоупотребат можноста.

САД не се кандидираа за место во Советот за човекови права. Вашингтон гласаше против негово формирање, противејќи се на присуството на земјите кои се обвинуваат за прекршување на човековите прва на своите граѓани.

XS
SM
MD
LG