Линкови за пристапност

Наредникот Менчев – горд да стане Американец


31-годишниот Македонец Васил Менчев е еден од 147-те припадници од сите родови на американската армија, кои вчера во најголемата морнаричка база во светот Норфолк во сојузната држава Вирџинија, на свечена церемонија дадоа заклетва и станаа натурализирани Американци.

Наредникот Менчев е родум од Скопје и веќе 10 години живее во САД. Тука дошол со идеја за подобар живот. Вели – ја остварил. Кариерата ја гледа во рамки на американската армија, каде е веќе 5 години. Планира и натаму да напредува и да се докажува.

Освен на Косово, една година бил служба во Ирак. Неговата единица заминала за Багдад. Не стравувал за животот, но признава дека опасноста демнела на секој чекор.

Што значи да се биде Американец? Сопругата Џули, Американка од Охајо вели:

Тоа на син ми му овозможува подобра иднина, како и не мојот сопруг. Откога го сретнав и се омажив за него, најважната работа му беше да стане Американец, на што е многу горд.

Таа вели цел живот Васил сонувал да биде војник. Конечно ја постигнал целта, и среќен е. Кога нема обврски, воинот го минува времето со семејството.

XS
SM
MD
LG