Линкови за пристапност

Изборите на 5-ти јули – од голема важност за Македонија


На вчерашниот распит во организација на Американската Хелсиншка комисија на тема човекови права, демократија и интеграција на регионот во кој припаѓа и Македонија, експертите ја потенцираа важноста од праведни и демократски избори во земјата на 5-ти јули.

Aмериканскиот државен потсекретар за европски и евро-азиски прашања Розмари ди Карло воочи парламентарните избори на 5-ти јули во Македонија, упати порака до гласачите:

Ги повикуваме сите политички лидери да ги отстранат сите нерегуларности што беа констатирани на локалните избори во 2005-та. Избори согласно меѓународните стандарди се круцијални за аспирациите на Македонија во НАТО и ЕУ.

За ефектот од фер и демократски избори коментираше и Јануш Бугајски, експерт од Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон, кој за Гласот на Америка на македонски изјави:

За Македонија е важно во овој момент, 5 години по Охридскиот договор, да демонстрира дека има целосно функционална плуралистичка демократија со целосни права за малцинствата, дека нема внатрешни проблеми што не може да се решат, и дека е на добар пат кон ЕУ и НАТО.

За очекувањата од Самитот на НАТО во Рига, Бугајски рече:

Сметам дека на самитот во Рига, Македонија, Хрватска и Албанија ќе добијат позитивен сигнал и дека ќе добијат покана за членство во НАТО во следните една до две години.

Ди Карло потенцираше дека претстојните предизвици за Македонија остануваат исти – вклучување на малцинствата во институциите на системот и примена на децентрализацијата, со што локалните власти ќе добијат можност за поголема ефикасност.

XS
SM
MD
LG