Линкови за пристапност

Претседателот Буш ненајавено го посети Ирак


Иднината на Ирак е во ваши раце, порача претседателот Џорџ Буш на средбата со премиерот Нури Ал-Малики и рече дека САД ќе го одржат ветеното да и́ помогнат на земјата. Малики, пак, кажа дека неговата влада е решена да успее и да ги совлада терористите.

По разговорите Буш се сретна и со американските сили во Ирак и им се заблагодари за службата. Тој рече дека САД ќе продолжат да помагаат во изградбата на слободен Ирак и да ги ловат луѓето како лидерот на Ал-Каида во Ирак, Абу Мусаб Ал-Заркави, кој загина во саботата во американски воздушен напад.

Буш најпрвин слета на аеродромот во Багдад, а потоа со хеликоптер стигна во строго обезбедената Зелена зона во ирачкиот главен град. Официјални лица велат дека Малики бил известен за посетата на само пет минути пред средбата. Ова е втора посета на Буш на Ирак по инвазијата под американско раководство во 2003-та година.

Пред да биде објавена веста за посетата, Буш требаше преку видео-врска да разговара со ирачките лидери од претседателското одморалиште Кемп Дејвид во близината на Вашингтон.

XS
SM
MD
LG