Линкови за пристапност

Невремето Алберто се заканува на Флорида


Невремето Алберто, што веќе донесе обилни дождови во Куба, според прогнозата ќе допре до Флорида во вторник попладне по американско време. Алберто се уште е класифициран како тропска бура со ветришта од 110 километри на час, но метеоролозите предупредуваат дека може да стане мал ураган од категоријата 1, со ветришта од 120 километри на час.

Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да донесе околу 20 сантиметри дожд во Флорида. Околу 40 сантиметри дожд што Алберто ги донесе во западниот дел на Куба во неделата предизвикаа евакуација на населените места на помала надморска височина.

Алберто е првото невреме во овогодишната сезона на урагани во 2006-та. Метеоролозите предвидуваат мошне активна сезона со до шест поголеми урагани.

XS
SM
MD
LG