Европскиот комесар за надворешни работи Бенита Фереро Валднер вчера изјави дека Гвантанамо треба да биде затворен и дека ова е прилика да се обнови таквиот повик.
Двајца притвореници од Саудиска Арабија и еден Јеменец се обесија со помош на чаршафи и нивната облека.
Претседателот Буш има изјавено дека планира да го „испразни“ Гвантанамо, со тоа што дел од притворениците ќе бидат испратени дома, а најопасните ќе се појават пред американски судови, но нема прецизирано кога.
Според американската армија, преку 400-те притвореници во Гвантанамо се наоѓаат таму бидејќи воделе војна против САД и продолжуваат да претставуваат закана.