Линкови за пристапност

Конференција за Ирак во Кемп Дејвид


Претседателот Буш ги повика своите главни советници во неговото одмаралиште на Кемп Дејвид за стратешка сесија по прашањето за Ирак. На средбата утре ќе се приклучат и ирачки лидери преку телеконференција.

Разговорите ќе се одвиваат во планините надвор од Вашингтон.

Претседателот Буш вели дека на ваков начин сака да разговара со своите соработници, за како што вели, патот напред во Ирак.

Двата дена на средби во Кемп Дејвид беа најавени доцна во четвртокот, по убиството на Абу Мусаб ал-Заркави, лидерот на ал-Каида во Ирак.

Но претставници на Белата Куќа нагласуваат дека оваа средба била планирала долго време пред да биде убиен терористот со јорданско потекло во воздушен напад, и дека намерата била да се разговара за именувањето на последните клучни членови на кабинетот на владата на Ирак, што случајно се поклопило со соопштувањето на смртта на Заркави.

На првиот ден на разговорите во Кемп Дејвид ќе присуствуваат главните советници на претседателот, меѓу кои државниот секретар Кондолиза Рајс, секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд и командантот на здружениот-генерал штаб, генералот Питер Пејс. Американскиот амбасадор во Ирак Зелмај Калилзад ќе се приклучи на дискусијата од Багдад преку видо-линк, а исто и највисокиот американски командант во Ирак – генералот Џорџ Кејси.

На појавувањето во утринската програма на СиБиЕс телевизијата во неделата наутро, Соочете се со нацијата, генералот Кејси не кажа дали на средбата ќе претстави план за намалување на американското присуство со трупи во Ирак, но рече дека намалувања се можни.

Во вторник, разговорите на Кемп Дејвид ќе се прошират. Ирачкиот амбасадор во САД ќе се приклучи лично, заедно со главните министри на новата влада кои ќе учествуваат преку видео-конференција.

Ирачкиот советник за национална безбедност вели дека дневниот ред ќе биде полн. Новафак ал-Рубаие за програмата на СиЕнЕн „Доцно Издание“ кажа дека има многу долгорочни прашања за кои треба да се разговара. Меѓу другото тој ги наброи: оценка на потребите за финансиска помош за следната година, вид на обука, да се види на кое ниво ќе бидат трупите следната година во Ирак, како и бројот на мултинационални сили.

Запрашан за перспективата за повлекување, ирачкиот претставник предвиде дека најголемото мнозинство на мултинационалните трупи ќе бидат заминати до средината на 2008. Тоа е на линија со предвидувањата претходно кажани од ирачкиот премиер, Нури ал-Малики.

XS
SM
MD
LG