Линкови за пристапност

Буш: наредната недела проценка на ситуацијата во Ирак


Според претседателот Буш, на средбата со неговите советници за национална безбедност и армиските команданти ќе биде направена анализа на ирачкиот „план за тоа каква ќе биде иднината“. Тој кажа дека средбата била планирана уште пред убиството на терористичкиот водач Абу Мусаб Ал-Заркави. Претседателот ова го изјави за време на денешната средба со данскиот премиер Андерс Фох Расмусен во одморалиштето Кемп Дејвид во близина на Вашингтон.

Одговарајќи на новинарско прашање за иранските нуклеарни амбиции, претседателот Буш кажа дека Техеран има недели, а не месеци да одговори на американската и европска понуда чија цел е Техеран да прекине со нуклеарните активности.

XS
SM
MD
LG