Линкови за пристапност

Соучесникот во снајперските напади сведочеше против тогашниот партнер


Малво изјави дека Мухамед сакал да ја „тероризира нацијата„ и убива по шест луѓе во следните 30 дена. Тој рече дека Мухамед сакал да ја продолжи кампањата со бомбашки напади врз училишни автобуси, училишни згради и болници за деца.

Малво кој сега има 21 година, беше малолетен кога заедно со Мухамед ширеше терор низ државата, меѓу другото и во предградијата во Вашингтон. Притоа беа убиени 10 лица, а тројца се беа повредени.

Мухамед веќе е осуден на смрт во Вирџинија, а Малво беше осуден на доживотна казна затвор во таа држава. Обвинителите соопштија дека бараат правдата да биде задоволена и во Мериленд, каде се случија шест убиства.

Обајцата се водат како осомничени за убиства и во други федерални држави, вклучувајќи ги Луизијана и Алабама.

XS
SM
MD
LG