Линкови за пристапност

НБА – резултрати од плеј-оф


Детроит Пистонс ги елиминираа Кливленд Кавалирс во плеј-оф натпреварите во источната Конференција со 79 спрема 61 во седмиот натпревар.

Тејшон Принс постигна 20 поени во неделата во Детроит, додека Ричард Хамилтон и Рашид Валис постигнаа 13, односно 15 поени. Одбраната на Пистонс му овозможи на Кливленд да постигне само 23 поени во второто полувреме.

Ѕвездата од Кавалирс, Леброн Џејмс постигна само 6 од 27-те поени во вториот дел од натпреварот.

Пистонс се среќаваат со Мајами Хит во финалето од Источната конференција. Серијата натпревари започнува во вторник.

Кој ќе игра во финалето од Западната конференција ќе се знае по вечерашните натпревари меѓу Далас Маверикс – Сан Антонио и Лос Анѓелес Клиперс – Феникс Санс. И на двата меча се игра одлучувачкиот -седми натпревар.

XS
SM
MD
LG