Линкови за пристапност

Транспарентност и Антикорупциска ќе го набљудуваат финансирањето на изборните кампањи


Партиите мора да бидат транспарентни во однос на тоа колку и чии пари ќе потрошат за претстојната изборна кампања. Во спротивно, тие ќе си направат политичко самоубиство.

Ваквата закана стигнува од невладината Транспарентност, чиј што прв човек Габриела Коневска најавува силен мониторинг за да се избегне практиката, дури 90 проценти од финансиите во изборната кампања да останат непознати.

Немаат друг избор, освен да соработуваат. Кредибилитетот ќе им биде сериозно ставен под знак на прашање. Доколку сакаат да имаат своја иднина, да не направат свое политичко самоубиство, мислам дека треба да учествуваат во работата.

Овојпат под лупа ќе бидат ставени и сите избрани и наименувани функционери, како министри, директори и градоначалници, за да се види дали разликуваат што значи партиска боја и државна функција. Со ваков мониторинг се закануваат и од Антикорупциската комисија.

Да не се дозволи, како што имавме во досегашните периоди, определни незаконитости, трошење на средства во време на изборна кампања, да почнуваат да се градат определни комунални објекти, улици, патишта, тротоари, амбуланти, водоводи итн, што практично би претставувало на одреден начин влијание и измама на избирачите, бидејќи ако тоа се прави во време на изборна кампања, а тоа не го дозволува законот, очигледно има определна цел. Ако не е тоа предвидено во редовните програми за работа на односната организација, вели Михајло Маневски.

ЕУ постојано инсистира – мора да постои прецизна законска рамка за финансирање и таа да се спроведува. На неодманешната дебата организирана од Советот на Европа, странските експерти имаа забелешки на законите за спречување корупција и за финансирање на политичките партии, но и на новиот изборен законик, каде ова прашање се третира само начелно.

За прашањето за финансирање на партиите, односно на изборните кампањи, многу е важно јасно да се воспостават правила. Сите овие прашања се важни. Мислам дека она што досега го видовме е многу позитивно, но во секој случај мора да се преземе се што е можно за да се обезбеди дека целиот изборен процес, до самиот крај ќе биде изведен според сите најдобри европски стандари, вели европретставникот во Македонија, Ерван Фуере.

Отфрлена е идејата за самофинанисиање, што ја промовираше СДСМ, а ја има во европските земји. На пример, не може да се докаже дали некој кандидат од плата може да заштеди 5.000 евра.

XS
SM
MD
LG