Линкови за пристапност

Претседателот Буш врши притисок за имиграциона реформа


Во ударен телевизиски термин, Претседателот ќе зборува за прашањето што ја подели Америка – како да се стави под контрола плимата од илегална имиграција и што да се прави со 12-те милиони недокументирани доселеници во САД.

Во вечерашниот говор се очекува тој да даде неколку предлози за имиграциона реформа, меѓу другото и за распоредување на неколку илјади трупи на Националната гарда како поддршка на Граничната патрола по должина на границата со Мексико. Ова го загрижи претседателот на Мексико заради што тој синиќа телефонски побарал појаснување од претседателот Буш.

Во соопштението на Белата Куќа се вели дека планот не е да се милитаризира границата.

Советникот за национална безбедност на Белата Куќа за СиЕнЕн зборуваше во прилог на овој предлог. Тој кажа дека употребувањето на Националната гарда за поддршка на Граничната контрола не е нова идеја. Тоа порано било сторено, рече Хадли, и се работи само за помагање на Граничната контрола.

Меѓу законодавците кои се ентузијасти за идејата е и Бил Фрист, лидерот на републиканците во Сенатот. За него тоа е најмалку што може да се стори, зашто обезбедувањето на границите е федерална обврска, а на тој план според Фрист имало големо потфрлање во минатото.

Н,о други се загрижени што Гардата е веќе премногу распната со задолженија во Ирак и бараат оваа армиска гранка да не се користи за таа намена.

Обраќањето до нацијата доаѓа неколку недели откако милиони имигранти и нивни поддржувачи низ САД одржаа собири за поддршка на легислативата со која на илегалните имигранти ќе им се даде шанса да го заработат својот легален статус.

XS
SM
MD
LG