Линкови за пристапност

Париз бара референдум пред секое проширување на ЕУ


Франција нема да им се спротивставува на идните проширувања и најавува дека ќе работи зајакнувањето на политичката ориентација на проширувањето наместо да се бори против него. Ова е суштината на работниот документ кој вчера во Брисел на своите европски колеги им го презентираше шефот на француската дипломатија Филип Дуст-Блази за време на редовната министерска сесија. Париз најави дека нема да бара од своите европски партнери да одлучат каде и кога ќе бидат фиксирани границите на Европа и бара од ЕУ да ги почитува ветувањата дадени на земјите кандидати кои сепак ќе мораат да исполнат многу услови и да минат француски референдумски филтер пред да влезат во ЕУ.

Документот инсистира исто така на сите обврски преземени кон земјите кандидати кои мораат да бидат почитувани, а меѓу кои се Хрватска, Македонија и Турција. Накусо, Франција нема ништо против овие земји да влезат во ЕУ. Но, според документот, пред секој нов прием на нова земја Европската комисија ќе треба да направи евалуација на европскиот капацитет да ја асимилира таа земја. Со вакви евалуации би требало да се соочи пред се Македонија која е следна во редот за чекање за прием во ЕУ. Оваа обврска нема да се однесува на Хрватска која минатата година започна со преговори за членство. Освен евалуацијата, пред Македонија ќе се исправи и референдум во Франција. Претседателот Жак Ширак на своите сограѓани минатата година им вети дека за секое ново проширување, по Хрватска, ќе им биде поставено прашање дали сакаат тоа да се случи или не.

XS
SM
MD
LG