Линкови за пристапност

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ:  „загревање“ пред изборите


Изборните штабови на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се веќе активни, така што изборната кампања, иако официјално не е започната, добива во интензитет.

Викендот, лидерите на овие две партии беа активни на теренот. Бучковски и Груевски во саботата се сретнаа во Битола, каде се обидуваа да ги придобијат симпатиите на граѓаните на вториот по големина град во државата.

Владо Бучковски говореше за враќање на станови по основа на денационализација и на битолчани им вети економски развој во наредните години. Силите на социјалдемокартите во изборната едница која ја опфаќа и Битола ќе ги води министерката за надворешни работи и потпретседателка на СДСМ, Илинка Митрева. ВМРО-ДПМНЕ, пак, на чело на изборната листа во Битола ќе го има Љубиша Георгиевски, поранешен македонски амбасадор во Софија. Лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Битола ја промовираше изборната економска програма на партијата, и, критикувајќи ги резулатите на актулената влада на планот на економијата, вети подобро утре доколку дојде на власт.

Двете најголеми партии не си дозволија одмор ниту вчера. Бучковски беше во Струмица. Лидерот на владеачките социјалдемокарти порача дека негова цел во кампањата ќе бидат неопределените гласачи кои, според него, битно ќе влијаат врз изборниот резултат. Никола Груевски, пак, остана во Скопје, каде с еобрати пред собирот на кој Унијата на млади сили на оваа партија го славеше својот роденеден. Груевски и во оваа прилика ги искритикува социјалдемократите дека даваат лажни ветувања кои никогаш не се рализираат.

Покрај ВМРО-Народна, одлука да настапат сами на изборите по неуспехот за договор со ВМРО-ДПМНЕ вчера најави и Демократската републиканска унија на Македонија, чиј основач е Доста Димовска, како и ДОМ на Љиљана Поповска. Останатите помали политички партии се́ уште преговарат за тоа дали ќе настапат заедно на изборните листи со големите.

XS
SM
MD
LG