Линкови за пристапност

Чествување на Јустинијан Први


Во Скопје во тек е културно-историска манифестација со која за првпат се чествува Јустинијан Први, еден од најголемите императори во историјата на Византија, кого го сметаат за градител на храмот Света Софија во Цариград и за создавач на градот и архиепископијата Јустинијана Прима. Градот потекнува од местото Таурисиум, за кое стручњаците сметаат дека се ноаѓало на местото на денешното скопско село Таор.

Градот Скопје во соработка со Културно-информативниот центар и Институтот Евро-Балкан, со тридневната манифестација ја одбележува годишнината од раѓањето на Јустинијан Први (на 11 мај 483-тата), со цел – преку спој на античкото и модерното време, да долови дел од историските и културните традиции од времето на Јустинијан, како и да го подигне нивото на самиот бренд – Скопје. Дел од манифестацијата се и театарска претстава и настап на ансамблот за старомакедонско црковно пеење „Св. Јован Кукузел“, и на хоровите „Менада“ и „Св. Злата Мегленска“, како и „Фестивалот на песната и виното“ на кој се промовираат вина од реномирани македонски производители. Истовремено се одвива и научниот симпозиум „Скопје меѓу античкото и модерното време“, а вчеравечер беше изведена и таканаречената „Јустинијанова поворка“ на која присутните ја следеа кочијата во која актерска двојка симболично ги претставуваше императорот и неговата сопруга Теодора, од главниот скопски плоштад до посебно уреденото скопско Кале, каде беше запален свечениот оган.

На манифестацијата и свое обраќање имаше скопскиот градоначелник Трифун Костовски.

XS
SM
MD
LG