Господинот Анан во Виена изјави дека верува оти предвидените разговори меѓу земјите од ЕУ и Иран ќе бидат попродуктивни, ако во нив бидат вклучени и САД.
Вашингтон одбива да земе учество во директните разговори, но им даде одредено време на европските партнери да го убедат Иран да ги запре сите активности со збогатување ураниум или во спротивно би се соочил со евентуални санкции од ОН.
Британија, Франција и Германија подготвуваат пакет иницијативи, за Иран да се откаже од нуклеарните амбиции. Се очекува предлозите на Техеран да му биде презентирани во следните седмици.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека нуклеарниот спор е само „психолошка пропаганда“, што има за цел да се заканува на неговата земја.