Линкови за пристапност

Средба Терзиќ-Бучковски во Скопје


Евро-интеграциите и стопанската соработка се двете главни теми на кои денеска во Скопје разговараа премиерот Владо Бучковски и неговиот колега од Сараево Аднан Терзиќ, како претсдавач на Советот на министрите на БиХ.

Тие се задоволни што освен политичкиот дијалог меѓу двете земји, наредок бележи и економската соработка. Премиерот Бучковски со податок- размената меѓу Македонија и БиХ од 5 достигнала 40 проценти. Се надеваме на ваков напредок и во другите области, вели македонскиот премиер:

„Иако доаѓа до зголемување на трговската размена до близу 40 проценти, јас и премиерот Терзиќ сметаме дека таа соработка може да биде и поинтензивна и да претставува пример во регионот како може две држави кои претендираат да бидат членки на ЕУ да покажат дека - отворајќи ги пазарите – им даваме можност на нашите компании да имаат третман на обата пазари на домашни компании“.

Токму тоа босанскиот премиер го побарал од својот македонски колега, особено за производите на Тутунскиот комбинат Сараево. Она за што тие сега ќе дадат препораки е да се зголеми извозот на тутун.

Владите треба да сторат се́ бизнисмените непречено да си вршат работата, подвлече премиерот Терзиќ, посочувајќи на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји, што, според него, придонел економската соработка денес да биде толку успешна:

„Мислам дека и нашите стопанственици можат да бидат задоволни со ваквиот однос меѓу двете влади. Во принцип, нашиот став е дека биснисмените се тие кои предничат во развојот на стопанството, а владите се само сервис“.

Она што Македонија и Босна и Херцеговина најлесно може да ги одведе во ЕУ, според премиерите Бучковски и Терзиќ, е регионалната соработка што сепак треба да се интензивира.

XS
SM
MD
LG