Линкови за пристапност

ОМО Пирин стана член-набљудувач во Европската слободна алијанса во Европскиот парламент


Се работи за движење кое ги обединува малцинските партии од Европската унија, а зачленувањето на Партијата на Македонците од Бугарија го иницираа и овозможија членовите на Виножито - партијата на Македонците во Грција. ОМО ПИРИН постои 16 години, од кои 15 како непризнаена, поради одбивањето на Бугарија да ја регистрира. Стојко Стојков, претседател на движењето, му се обрати на Генералното заседание на Европската слободна алијанса, велејќи дека бараат дa биде признаено постоењето на македонското малцинство. „Можеби звучи малку чудно“, рече тој, „но не ни се признава дека постоиме и не ни се дава ниту едно право од оние загарнатирани во Конвенцијата за правата на националнмите малцинства. Овој став се потпира на позициите на екстремниот и агресивен бугарски национализам кој не само што не го признава постоењето на малцинство, туку го негира и самото постоење на македонска нација, јазик, кулутра и историја, прогласувајќи ги за бугарски.“ Стојков подвлече дека ваквите ставови создавале проблеми на Балканот и во минатото и дека со влезот на Бугарија во ЕУ проблемите од овој вид нема да бидат решени. Затоа за членовите на малцинските партии, Европскиот Парламент е место во кое можат да ги изнесат своите барања. Стојков зборуваше македонски пред европските колеги пратеници. За прв пат на вакво заседание беше овозможен превод од македонски јазик.
XS
SM
MD
LG