Линкови за пристапност

Меморандум за инвестирање на Џонсон Контролс во Македонија


Македонија ја доби битката со Полска, Словачка и Романија. Американската електронска корпорација Џонсон Контролс реши во Македонија да гради фабрика за европскиот пазар.

Дури на крајот од мандатот на втората македонска влада од формирањето на слободната зона, Бунарџик ќе почне да ја остварува својата цел. Таму, според меморандумот за соработка и инвестиции, што денеска во Скопје го потпишаа премиерот Владо Бучковски и генералниот менаџер за електорника на Џонсон Контролс Томас Патцел, до 5-ти септември македонската Влада треба да изгради инфраструктура на 6-те илјади метри квадратни, кога и ќе започне функционирањето на фабриката.

Бизнисменот Ристо Гуштеров, како и Богољуб Вељановиќ од раководството раководството на Џонсон Контролс, а кој е со македонско потекло, имале удел во тоа американската корпорација да одлучи да инвестира во Македонија, признава премиерот Бучковски. Но, не сме да се запостави ниту конкурентноста, вели тој.

„Потребно е да се има лоби-група, потребно е да се има можеби по некој нашинец, но во краен случај во бизнисот нема многу сентименталности. Во краен случај, треба да се биде конкурентен. Сметам дека РМ на овој проект ја покажува својата конкурентност“, изјави премиерот Бучковски.

Детали од договорот за изградбата на фабриката вредна 150 милиони евра не се откриваат - биле деловна тајна. Но, премиерот Бучковски објасни зошто Македонија успеала да го привлече вниманието на Џонсон Контролс:

„Има олесувања во делот на преквалификацијата и обуката на кадарот кој ќе работи во Џонсон Контролс. Република Македонија ќе го користи Законот за државна помош да го помогне вработувањето, Република Македонија ќе го користи овој закон и за дел од олесувањата кои ги имаа транспортерите“.

За возврат, Македонија од оваа зделка ќе добие нови вработувања.

„Планираме долгорочно да вработиме до 500 луѓе, а целата операција ќе биде исто така водена од високостручниот тим што ќе го формираме тука во Република Македонија“, вели генаралниот менаџер на Џонсон Контролс за електорника и потпретседател за Европа Томас Патцел.

XS
SM
MD
LG