Линкови за пристапност

Чејни:  Русија да не уценува со нафтата и гасот


Чејни ова го изјави вчера во главниот литвански град Вилнус, на конференција за балтичките и црноморски држави. Американскиот потпретседател рече дека политиката на оние во Русија кои се против демократијата би можела да се одрази на односите на руската влада со други земји.

Чејни го критикуваше потегот на Москва од нешто порано годинава кога ја запре доставата на природен гас за Украина поради спор околу цената.

„Кога нафтата и гасот ќе станат средство за заплашување и уцена, или преку манипулација во доставата, или преку обид за монпол во транспортот, тоа не служи на никаков легитимен интерес. Никој не може да оправда потег што го поткопува територијалниот интегритет на соседната земја“, рече Чејни.

Американската влада, вели потпретседателот, смета и ќе покаже дека Русија нема причина да стравува, туку напротив, дека може само да добие од тоа да се граничи со силни и стабилни демократии.

Претседателот Буш кон средината на јули треба да се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Санкт Петерсбург, на средба на Групата осум. Потпретседателот Чејни е на шестдневна турнеја низ земји од поранешниот советски блок чија цел е промоција на демократски реформи, а ќе ја посети и Хрватска.

XS
SM
MD
LG