Линкови за пристапност

Маљас очекува дијалог за името по изборите во Македонија 


Главниот грчки дипломат во Вашингтон смета дека европската интеграција на Македонија ќе помогне во решавање на спорот со името: „Посакувам процесот на членство и прием што беше отворен минатиот ноември во Брисел да стане катализатор конечно да постигнеме решение што ќе биде одржливо, што ќе биде прифатено од обете страни“.

Амбасадорот Маљас очекува преговорите да тргнат од мртва точка по изборите во Македонија: „Не сметам дека нешто ќе појде напред пред да завршат изборите. Но, охрабрени сме од изјавите што доаѓаат од Скопје дека по изборите ќе мора да се зафатиме со прашањето. Грција останува посветена да најде решение“.

На дискусијата учествуваше и амбасадорот Џон Бритон, кој е на чело на делегацијата на Европската комисија во САД. Амбасадорот Маљас говореше и за важноста од инвестирањето во енергетската инфраструктура на Балканот. Во тој контекст, грчкиот дипломат рече дека има многу проекти, но дека само нафотоводот што ги поврзува Скопје и Солун е оперативен во моментов. Би било политички мудро и економски профитабилно нафтоводот да се прошири до Приштина, оцени Маљас, додавајќи дека за таа цел веќе водат разговор владите во Скопје и Атина.

XS
SM
MD
LG