Линкови за пристапност

Американците живеат подолго од кога и да е порано


Просечниот Американец денес може да очекува дека ќе живее речиси 78 години. Истовремено, се намалува и бројот на смртни случаи - според Центарот за контрола на болести и превенција, за речиси 50.000 меѓу 2003-та и 2004-та година.

Роберт Андерсон од Националниот центар за здравствена статистика вели дека тоа е најголемо намалување од 1938-ма година.

Американките и натаму живеат подолго од Американците, додека срцевите болести, ракот и мозочниот удар остануват како главни причини за смртноста. Па сепак, бројот на смртни случаи е значително намален. Се́ помалку Американци пушат, а се́ повеќе се занимаваат со физичка активност, вели д-р Роберт Батлер од Меѓунродниот центар за долговечност.

„Луѓето и со 70 и 80 години вежбаат, а имаат и свои тренери“, коментира д-р Батлер.

Луан Ноклес има 72 години, но таа нема свој тренер – таа работи како тренер.

„Доаѓам пешки во салата секое утро во 4:30 за да ја отворам“, вели Ноклес.

Токму ваков начин на живот, според експертите, прави огромна разлика за илјадници постари Американци.

XS
SM
MD
LG